Поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија, Карл Билд, коментирајќи ја позицијата на Бугарија кон Македонија, оценува дека со наметнување на „историски вистини“ долгорочно ќе се пролонгира европската иднина на Балканот.
Ако напредокот на Балканот кон ЕУ зависи од тоа дали една или друга држава ќе наметне некаква „историска вистина“, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за време на една или две генерации – напиша Билд на Твитер.
Шведскиот дипломат го објави коментарот на својот Твитер профил над постираната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за Ројтерс во вели дека Софија инсистира Скопје да ја признае историската вистина ако сака да напредува на патот кон ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.