Извршниот одбор на СДСМ на денешната онлајн седница го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип за предвремените локални избори на 13 декември.

Д-р Сашко Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница. Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје, соопштија од СДСМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.