Целосен карантин не доаѓа во предвид, но ноќен полициски час мора да се воведе, поради неоговорноста на младите, вели во интервју за ТВ 24 епидемиологот, Драган Даниловски.
Карантин по примерот на Дебар јас не би воведувал. Граѓаните се веќе уморни од такви мерки. Има полесен начин. Но, мене нешто друго ме загрижува, а тоа се сликите и видеата кои се споделуваат изминатите два дена од некој клуб во Струмица. Па, ви се молам, можно ли е да сме ние толку неодговорни. Тоа не смее да се случува, тоа е едноставно недозволиво во услови на пандемија, вели тој.
Даниловски ги повика и градоначалниците да преку своите општини воведат редари кои ќе се грижат за контрола врз придржување на мерките.
Епидемиологот предупреди дека бројките наредните денови може да бидат и повисоки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.