Професорката Тања Каракамишева смета дека Никола Груевски требаше да го упаси Зоран Заев кога му постави ултиматум дека ако не се повлече ќе почне да објавува т.н бомби. Според неа, тоа било класично насилство врз претставници на власта, бидејќи премиер на држава е уценуван.
Кој ја направи политичката криза во Република Македонија? Прво со ја би рекол со неовластениот и крајно дрскиот упад во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски каде што буквално имаше закана, уцена, директна до Никола Груевски дека ако не си оди во рок од три дена ќе му се случи да му излезат со „бомбите“ новластено стекнатите материјали. Извинете тоа беше класично насилство врз претставници на власта, бидејќи премиер на држава е уценуван за тоа требаше Зоран Заев да лежи затвор, но видовме како пројде. Груевски требаше да го уапси Заев, нормално. Извинете тоа е насилство врз државна институција. Јас не персонифицирам во моментов и во моментов кај Пендаровски некој да влезе со уцена, истото ќе го кажам. Во моментов и кај Спасовски некој да влезе со уцена, исто ќе реагирам, затоа што ние не знаеме да си ги цениме институциите. Нашите институции се колабирани затоа што ги гледаме преку личности, изјави професорката во интервју за Алфа. .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.