Професорката Тања Каракамишева смета дека Таљат Џафери направил  уште еднаш во криминален поход на кршење на Деловникот на Собранието и флагрантно кршење на постапката на одлучување и гласање на закон во Собранието.

Таа објаснува дека ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето.

Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање.

Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури.

По заклучување на гласање и по завршено гласање ПРАТЕНИК НЕМА ПРАВО ДА БАРА,НИТУ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ СМЕЕ ДА ОДОБРИ ПРОЦЕДУРАЛНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРАТЕНИК.

Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи ТЕАТАР и САМОВОЛИЕ во Собранието.

Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата.

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!

СОБРАНИЕТО ВО ОВОЈ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ ПОЧНА ДА РАБОТИ И ЌЕ ЗАВРШИ КАУБОЈСКИ И ПРЕДАВНИЧКИ!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.