Откако Бугарија најави дека ќе и помогне на Македонија со вакцините против Ковид 19, се огласи и бугарскиот вицепрепремиер Красимир Каракачанов.

„Тука не станува збор за соседи, станува збор за сонародници“, изјави во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), прашан зошто, заедно со премиерот Бојко Борисов, решиле да им помогнат на соседите од Република Македонија со вакцини против ковид-19.

Тој додава дека не помагаат само на Македонија, туку и во Украина и Молдавија.

… И не само во Македонија, туку и во западните покраини во Украина и Молдавија каде има бугарски заедници. Му овозможивме на министерот за здравство да го уреди механизмот. На крајот на краиштата, Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат и надвор од Европската унија … “, рече Каракачанов.

Новинарот на ова искоментира дека „сега и од кај Вардар ќе му се нафрлат“, сакајќи да каже дека ваквата изјава на Каракачанов ќе предизвика незадоволство во Македонија.

„Тие одамна се нафрлаат, не знаат веќе од која страна да се нафрлат“, возврати Каракачанов.

Тој повторно ги спомена Македонците кои извадиле бугарски пасоши.

„Ние имаме сонародници кои живеат поради економски причини во држави кои не се членки на Европската унија. Вие ми рековте ‘покрај Вардарот’. Ами таму има околу 120 илјади бугарски граѓани. Тие можат и треба да се вакцинираат. Имаме наши сонародници и во Украина, Молдавија. Зборувам за компактни заедници, тие исто така се Бугари. И сега, кога ние ги признаваме за Бугари, треба да им дадеме можност да им се помогне. Ако сакаат, се разбира, сѐ тоа е доброволно“, рече Каракачанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.