Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во изјава за бугарските медиуми денеска ја најави средбата со пратеникот на македонската Влада, Владо Бучковски и истовремено изнесе серија обвинувања за Македонија, порачувајќи да не се надева на компромис од бугарска страна, пренесува МКД.мк

Бугарија има јасна позиција и крајно време е Скопје да ги чита одлуките на бугарскиот Парламент. Бучковски е добронамерен човек со политичко искуство, и не случајно е избран за таков преговарач, посредник, но мислам дека властите во Скопје го користат. Едноставно го користат за да се демонстрира добра волја. Тој има добра волја, но јас мислам дека кај тие што го испраќаат нема добра волја. Зашто за 3,5 години не направија ништо и сега се надеваат на компромис од бугарска страна. А тоа нема да се случи. Сѐ додека отвориш учебник по историја во Македонија и во него пишува дека ние Бугарите сме окупатори, фашисти, татари, разговор не може да има. Така мислам јас, изјави Каракачанов.

Според него, аргументот „чекајте, ние имаме право да си го определиме идентитетот е апсолутно несериозен аргумент“, зашто никој не ти дава такво право.

Целата изјава на МКД



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.