Министерот за одбрана на Бугарија и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов, изјави дека е изненаден од бурните реакции во земјава откако денеска објави имиња од бугарските избирачки списоци кои, како што наведува, биле интересни.
Јас никаде не сум кажал или напишал дека имињата што ги објавив се на македонски пратеници или функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Едноставно тие имиња мене ми зборуваат нешто. Не знам зошто се случуваат тие бурни реакции – изјави за Трибуна мк. Каракачанов.
Тој вели дека имињата на Избирачкиот список во Бугарија може да ги провери секој на сајтот на бугарската Централна избирачка комисија. Тој додава дека не тврди дека објавените имиња се на членови и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Повторувам дека не тврдам дека тие имиња што ги објавив се пратеници или функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но морам да кажам дека во избирачките списоци за претстојните избори во Бугарија има уште многу интересни имиња – вели бугарскиот вицепремиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.