Политичарите во Скопје сметаат дека ќе можат со старата коминтерновско-југословенска политика да влезат во ЕУ и потоа, од позицијата во ЕУ, да ни ги наложуваат своите норми. Тоа никако не може да го дозволиме – изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за БНТ.
Каракачанов истакна и дека македонската страна прави грешка и погрешно гледа на Европската унија.
Нивната претстава за Европската унија е доста упростена. Тие си ја претставуваат ЕУ како да е Советскиот сојуз или како Југославија, во која некакви си таму сојузни држави се караат, а на крајот ќе отидат или во Белград кај другарот Тито или во Советскиот сојуз кај другарот Брежњев и Генералниот секретар ги решава проблемите. Не, не, Европската унија не е Советски сојуз. Тука секоја држава, може да е помала или поголема, е рамноправна – порача Каракачанов во интервјуто, во контекст на евентуалните надежи од македонска страна дека некој ќе изврши притисок врз Бугарија за да ја одблокира интеграцијата на земјава во Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.