Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија во Европската унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата, така што нашата позиција е оравилна и е во согласност со европските и националните интереси.

Ова го изјави во Варна вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, цитиран од БНР.

Тој исто така го коментираше притисокот од европските земји-членки да ја прифатат европската интеграција на Македонија без никакви забелешки.

Претходно, министерката за надворешни работи на земјата, Екатерина Захариева за „Дарик радио“ посочи дека проблемот со Македонија е во довербата. Според неа, постои трајно, долго негативно искуство во неисполнување на билатералните обврски.

„Исполнете го договорот со добра волја, не барајте причини да не го исполните“, рече Захариева.

„Една од критиките е зошто нема рок за завршување на работата на комисијата. Имаше такви дебати и всушност ова беше одлука на Бугарија, бидејќи се плашевме дека може да се искористи за да се прекине работата на комисијата од нивна страна“, прокоментира Захариева.

Според неа, емоциите мора да се намалат за да се расплете јазолот во односите меѓу Бугарија и Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.