Македонија носела закони кои биле полоши и од законите на нацистичка Германија тврди бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во својот последен напад врз Македонците.
Бара ли бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, извинување за македонските Бугари или за Бугарите во Македонија од страна на македонските власти и зошто неговите заблуди се претвораат во бугарски манипулации со бројки, што се пренесуваат на европски терен како пречка за официјален почеток на преговорите на македонскиот пат за членство во во ЕУ?
Ова се прашањата, пишува во своја анализа порталот пресингтв.мк што се наметнуваат по последниот настап на Каракачанов во кој уште еднаш и се закани на Република Македонија дека уште долго ќе чека за влез во Унијата.
Каракачанов во гостување во емисијата „Ова утро“ на бугарската национална телевизија Би-ти-ви, меѓу другото рече: Бугарија има право да бара од земјите кандидати за членство во Унијата да запазат одредени услови. Еден од условите е нашата национална безбедност. Не може со инает, кој го гледаме во Скопје – ‘ама ние сакаме’, и јас можеби сакам многу работи во животот, ама нешто што не е мое како да го сакам, а тие сакаат сѐ. Не може да имаш претензии за бугарската историја, не може да не им се извиниш на оние луѓе што си ги
убивал и тормозел десетици години, само затоа што биле Бугари и да ми кажеш „ама ние имаме идентитет со векови“.
Очигледно Каракачанов само меѓу редови промовира ново барање за извинување од страна на македонските власти, со што, практично, ги извртува тезите за извинувањето како морален чин. Наместо тоа да го стори официјална Софија за окупацијата или „администрирањето со Македонија“ за време на Втората светска војна, особено за депортацијата на македонските Евреи, бугарскиот вицепремиер се обидува да ја префрли топката на македонски терен.
Во истиот настап Каракачанов уште додаде дека „македонскиот идентитет во 1944 година бил создаден со насилства, убиства и репресии кон Бугарите“.
Знаете ли дека во Македонија во 1945 се носи закон, можеби и во нацистичка Германија немало таков, за заштита на националното име и чест, според кој секој што ќе каже дека е Бугарин, не Албанец, ако кажеш дека си Албанец немаш проблем, ако кажеш дека си Турчин немаш проблем, ако кажеш дека Србин ќе ти ракоплескаат, но ако кажеш дека си Бугарин, според законот, можеш да добиеш до пет години затвор. И сега тие луѓе ми кажуваат дека самите од себеси добиле некаков идентитет, и тоа го кажува политичката елита, тоа не може да се случи – изјави Каракачанов.
Целата анализа која содржи и автентични документи и пописни информации на овој линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.