Бугарија е земја која секогаш и помагала на Македонија – ние први ги препознавме, финансиски помагавме, помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален став,а добивме игри зад сцената, изјави за БНТ вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Каракачанов ја бранеше позицијата на ВМРО, како партија што во својата 125-годишна историја го бранела бугарството. Според него, бугарското „не“ на преговорите на ЕУ со Македонија сепак не е конечно.

Не очекувавме враќање на романтичните односи од 19 век, но во текот на сите овие години добивавме игри зад сцената, тврдења за „ македонско малцинство“- изјави Каракачанов.

Историјата е точна наука, не можете да имате “повеќеслоен” став кон неа. Утре можете да се прогласите за Марсовец и да прогласите дека Цар Самоил е од Марс, порача тој.

Според него, целиот идентитет на соседот се заснова на омраза кон Бугарите, и во Бугарија и во  Македонија.

Каде се правата на овие Бугари – праша Каракачанов.

Нивната идеја за ЕУ ​​е прилично едноставна. Две земји се караат а на крајот во Белград или Москва се решава прашањето – рече тој.

Тој даде и свое мислење за преименувањето на Денот на словенските просветители.

Азбуката е создадена во бугарските земји, во земјите на бугарските кралеви и им ја дадовме на другите Словени. Затоа, ние мора да ги славиме нашите заслуги. Останатите ја искористија генијалноста на Борис Крстителот и на луѓето кои ја исполнија неговата задача – објасни тој која е причината за промена на името на празникот 24 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.