Доаѓа се прегрнува и се бакнува со мене и со Захариева, па оди таму и зборува против Бугарија.
Со овие зборови бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, го опишува македонскиот вицепремиер за надворешни работи Никола Димитров.
Во интервју за бугарската телевизија „Он ер Бугарија“ Каракачанов, меѓу другото, зборува за негативниот наратив на Владата кон Бугарија, а посебно е изненаден од превртливиот карактер на синот на „добриот Бугарин“ Димитар Димитров, Никола.
Ти им помагаш, а тие ти работат зад грбот. За Никола Димитров зборувам. Доаѓа во Софија во мојот кабинет, си разговараме пријателски, не користиме преведувач. Тој ми праќа многу поздрави од татко му, јас му праќам многу поздрави на татко му. Татко му е еден многу добар Бугар, кој има напишано многу статии како е создавана македонската нација, кои би било добро син му да ги прочита. Излегува од тука, се среќава со министерката Захариева, прегратки, бакнежи, слатки зборови… се враќа во Македонија и почнува да зборува против Бугарија, вели Каракачанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.