Лидерот на ВМРО и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов, ја критикуваше меѓусекторската комисија која треба да ги расчисти историските и образовните прашања меѓу Македонија и Бугарија .
Според Каракачанов, македонските политичари сугерирале комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“.
Каракачанов вели дека како датум за заедничка прослава се предлага седми октомври, денот кога коските на Гоце Делчев биле предадени од страна на комунистичките власти во софија на Скопје.
Двајцата копретседатели на комисијата, проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров, на 7 јуни објавија дека има „одредени места” во историјата на Гоце Делчев, за кои се согласуваат, но и такви за кои не се согласуваат. Темата ќе се дискутира на состанокот на комисијата во софија во септември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.