Историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти. Сојузници беа и властите на Италија, и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти, смета бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Kрасимир Kаракачанов.
Во он лајн настап на едно македонско радио , Каракачанов се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја, смета Каракачанов. Вели таков случај имало и во централна Бугарија каде бугарската полиција убила 12-13 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.