Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, изјави дека следната недела е круцијална во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети.

Се уште не сме го достигнале максимумот. Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме крај на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети – изјави Караџовски.

Како што истакна Караџовски, проценките на Комисијата за заразни болести се дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало. Како пример ги посочи соседните држави што воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.