Хоспитализиран е и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Од Клиниката за заразни болести во Скопје потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.

Караџовски, кој е позитивен на Ковид-19, и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми, но не се повлече од челото на комисијата уште од почетокот на пандемијата. Клиниката за заразни болести е полна, но модуларната болница во нејзиниот двор е затворена, а пациентите се дисперзирани на интерните клиники поради намалениот број на лица кои имаат потреба од хоспитализација. Но, најновите информации зборуваат и за друга причина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.