Вирусот е непредвидлив, го има во населени места каде не се почитуваат мерки, изјави денеска Д-р Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести.

Тој вели дека вирусот не е готов, и дека никогаш не тврдел дека вирусот е победен.

Караџовски додаде дека тоа ќе се случи кога ќе се пронајде вакцина.

Гледате што се случува во светот, вирусот го има во САД, во Бразил, не прашува за вера, нација, БДП, раст – рече Караџовски.

Кажа дека давал стручно мислење, и не чувствува одговорност за олабавување на мерките, затоа што како што рече не сторил кривично дело за да чувствува одговорност.

Се што работам е во интерес на државата – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.