Шефот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во изјава за „360 степени“ вели дека неточна е изјавата дека во текот на летните месеци ќе го снема вирусот и ги критикуваше собирите и јавните настани каде се прекршуваат мерките.

Колку свадби се имаат направено во тајност? Колку венчавки, матурски, родендени? Ова нека е поука за младите – вирусот не ги напаѓа само старите лица, тие лица ги носи на респиратор. Меѓутоа, младите, исто така, заболуваат со тешка симптоматологија, имавме немили сцени од деца и млади луѓе што починаа од 22 до 40 години – вели Караџовски.

Тој бара придржување на мерките од младите и да размислуваат повеќе и на своите родители кои се повеќе подложни на вирусот.

Затоа, не лудувајте по свадби, родендени, крштевки и журки. Оставете годинава нека помине, нека се стабилизира состојбата. И догодина ќе бидете млади. Внимавајте на своето здравје и не дозволувајте вирусот да влезе во вашата фамилија. Немојте да бидете себични и да размислувате само за вас – вели Караџовски за „360 степени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.