Ако самите не си помогнеме, не може да ни помогнат ни 500 доктори, ни 500 медицински сестри ни 20 болници, изјави денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски.

Овој есенски бран подрани. Со доаѓањето на сезонскиот грип, ова ќе се зголеми. Комисијата предложи два сета на мерки, едниот би се усвоиле следната недела преку собраниски измени, а вториот во понеделник ќе бидат презентирани пред Главниот кризен штаб, рече Караџовски.

Тој предупреди дека со вакво непочитување на мерките може да има само влошпување на состојбата и може да се стигне до илјада новозаболени и повика на почитување на мерките.

Зголемениот број на новозаразени, според него, се должи на собирањата и непочитувањата на препораките. Анализата на епидемиолошките податоци во изминатите три дена, укажува дека одредени настани се главниот промотор на зголемениот број на заразени. Протоколите не се почитувале, не се носело маска и не се држело дистанца.

Факт е дека дел од мерките се додадени за да нема групирање. Некои луѓе одат да се групираат, да ѓускаат. Никаде не беше речено да се организираат свадби, ама се одржуваат еден куп свадби. На социјалните мрежи се гледа како по четири лица седат на маса, добиваат сметка како да се посебни гости и на крај тоа испаѓа дека е свадба“, рече Караџовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.