Дегутантното однесување на претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во време кога Македонија се ссочува со сериозна здравствена криза поради пандемијата на коронавирусот предизвика жестоки реакции во јавноста. Караџовски најпрво му беа смешни кривите на вирусот, криви кој укажуваат на бројот на мртви и заразен, а потоа директно влезе во конфликт со медиумите. Караџовски започна да се кара со новинарите, почна да уредува вести и да им заповеда на новинарите што да кажуваат и пишуваат. Но она што е најтрагично, народот му е крив.

-Смешно му било на Караџовски и цела Комисија за тоа како изгледала кривата од заболени и двата пикови на коронавирусот-пишува новинарот Митовски.
Смешно било…

Смешно!?

Оставка бе другар, и намали на доживљај кога си пред камера, не се плаши никој, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.