Кога ќе дојде вакцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент, вели првиот човек на Комисијата за заразни болести

Бидете сигурни дека ова ‘чудо’, корона – кризата која не зафати на почетокот на годината ќе трае и до следната календарска година. Мора да бидеме поготвени за превентива, а не за вакцина, тврди претседателот на Комисијата за зарзни болести, Жарко Караџовски.

Кога ќе дојде вакцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент, вели Караџовски во интервју за МТВ1.

Тој објаснува дека здравствените власти се постојано во преговори со СЗО за, како што вели, социјално, социолошки и културолошки, секоја држава да добие одредена количина од оваа вакцина и во крајна линија тоа да биде фер, а не најголемите држави да ги купат сите дози а помалите држави, особено тие што немаат финансии да останат без дози.

Да се надеваме дека следната календарска година ова време ќе имаме на видик некаква вакцина, вели Караџовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.