Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во гостување на телевизија Канал 5 изјави дека тој не одлучува дали ќе има попис или не.
Караџовски посочи дека пред два ипол месеци било побарано од Комисијата за заразни болести да изработи протокол и оти со тоа завршува нивното стручно мислење.
Во моментов, епидемилошката состојба е комплицирана, но јас не одлучувам дали ќе има попис. Ако јас одлучувам за се, јас би се викал заменик-премиер. Ние сме го дале стручното мислење преку протоколот – изјави Караџовски.
Препораките во протоколот се маска, дистанца и негрупирање, а за лицата кои се позитивни, Караџовски рече дека ќе се попишат кога ќе излезат од изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.