Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во 13:30 часот, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Македонија.

Во најавата за пресот надлежните ги охрабруваат новинарите да дојдат без  снимателите, како би се следеле препораките за превенција и заштита од коронавирус.

Видео материјалот од настанот може да го преземете од нашиот стрим во живо ( https://youtu.be/Z1Qu-m6oEMQ ) кој е во висока ХД резолуција – нагласуваат од  владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.