Кандидат за градоначалник на Струга е Димче Шипинкаровски денеска наместо на првоборецот Нико Нестор, му се поклонил и му оддал признание на пливачот Нико Нестор!

Нико Нестор, патронот на средното училиште во Струга бил првоборец и активен учесник во револуционерните сличувања пред и за време Втората светска војна.

Десет години по народниот херој е роден пливачот кој го носи истото име и презиме и кој беше легенда во македонскиот и во југословенскиот спорт и прв Македонец кој го преплива каналот „Ла манш“.

Кандидатот за градоначалник и носителот на листа за советници од редовите на СДСМ во Струга, чествуваа и се поклонија пред спомен обележјето на еден струшки големец, но со елементарни непознавања за неговиот лик и дело.

 

Човекот со исто име и презиме роден 10-на години по народниот херој е исто така големо име, но во спортскиот живот, т.е. во пливањето.

 

Реформи во образованието се насушно потребни, при што историјата треба биде предмет кој ќе се форсира, за да не ни се случуваат вакви гротескни ситуации од кои сите се срамиме.

 

Свесни ли се дека го промовираа најмладиот првоборец од времето на Втората светска војна? Пливачот Нико Нестор тогаш имал, верувале или не, само пет години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.