Мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поддршка на граѓаните, донесе одлука на овие локални избори да бидам кандидат за градоначалник на општина Ресен.Јас, заедно со тимот кој стои зад мене, како и листата на советници на овие локални избори, сме луѓе кои застапуваат вистински вредности и сакаат перспективна и развиена општина, општина која ќе се развива во сите сфери: образование, култура, спорт, економија. Да го вратиме достоинството на земјоделците кои неуморно работат, никогаш повеќе да не остане без вода за пиење ниту еден дел од Преспа, градење спортски игралишта за најмладите, уредување на паркови, асфалтирање на улици, вети кандидатот за градоначалник Јован Тозиевски.
Ќе сториме се за спас на Преспанското езеро и Преспа да ја вратиме на туристичката мапа, преку поддршка на секој еден којшто сака да вложува во туризмот.
Ќе работиме неуморно, чесно и транспарентно, ќе бидеме тука да ги слушнеме и разбереме реалните проблеми и потреби на ресенчани и да изнајдеме најдобри можни начини за нивно задоволување. Се ќе сториме за модерен град и развиена општина.
Одброени се деновите на неспособното работење на локалната власт на СДСМ која пред четири години во Ресен и Преспа, ветуваше безброј проекти, ветуваше живот за Преспа. Но, наместо тоа во Ресен и Преспа останаа изманипулирани, излажани граѓани кои наместо живот добија пропаст во многу сегменти. Се ветуваше отворање на работни места, изградба на нова водоводна и патна инфраструктура, колекторски системи, канализации, чиста животна средина. Но, младите се повеќе се иселуваат заради немање егзистенција. Во 21 век бевме сведоци на немање вода за пиење, реконструирани се само локални патишта кои водат до имотите на активисти на СДСМ, а сето она што е направено во изминатиов период претставува континуитет на проектите, започнати и наследени од претходното раководство на локално ниво од ВМРО-ДПМНЕ. Да не зборуваме за поголеми проекти кои се значајни за сите граѓани на Ресен и Преспа. Локалната власт на СДСМ не успеа реализира ниту 5% од програмата која им ја вети на преспани на претходните локални избори.
Ресен и Преспа станаа непрепознатливи и од ден на ден се повеќе наликуваат на пустeлија. Во градот оддамна веќе го нема културниот и забавниот живот каде што би растеле и твореле нашите најмлади сограѓани.
Со цел да покажеме повисок степен на политичка култура, важно е овие избори да не ги сведеме само на гола борба за власт.
За Ресен и Преспа повторно да го вратат сјајот кој е изгубен потребни се луѓе кои ја знаат општината, кои ја знаат секоја една клупа, секоја една улица, вклучително и проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат. Тоа можат да бидат само луѓе веќе препознаени во заедницата, луѓе со кредибилитет и авторитет кои заради нивните индивидуални карактеристики и квалитети граѓаните стекнале доверба.
Почитувани,
На локалните избори се гласа за луѓе. Не е важно кој е претседател, премиер, министер. Важни сте Вие и Вашите потреби, како и способноста на оној кој Вие ќе го изберете да стави акцент на Вашите потреби.
За Ресен и Преспа повторно да заблескаат, да бидат повторно нашиот бисер.
Македонија за сите луѓе, Ресен и Преспа за сите луѓе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.