Во меѓусебното соочување во ТВ21 на кандидатите за градоначалници на ДУИ и опозициската коалиција, Алијанса-Алтернатива, кандидатот на ДУИ Ридван Ибраими вети дека ако не оди во вториот круг, тогаш ќе го подржи кандидатот Наим Синани од редовите на Алијансата за Албанците, а не на Миликије Алими од редовите на СДСМ, партија со која ДУИ има договорена соработка на изборите

Прашан од водителот на емисијата дали ќе го подржи Наим Синани во вториот круг, Ибраими одговори со „сигурно да“, Синани исто така вети дека ако не оди тој во вториот круг, тогаш ќе го подржи кандидатот на ДУИ, Ибраими.

Инаку во Арачиново во трката за градоначалник учествуваат тројца кандидати: актуелната градоначалничка, Миликије Алими од СДСМ, како и Ридван Ибраими од ДУИ и Наим Синани од коалицијата Алијанса-Алтернатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.