Мора да настапи новата македонска ренесанса бидејќи не се гледа крајот на тунелот чија темнина ја создаваа во овие 30 години двете најголеми партии кај Македонците. Периодот на просперитет и ренесанса ќе настапи доколку ја добиеме вашата поддршка, порача пред тетовчани Љупчо Ристовски, претседател на македонската конзервативна партија „Интегра“. 

Придружуван од кандидатите за пратеници, заедно со носителката на листата во Шестата изборна единица, Виолета Србиновска, ја претстави програмата насоловена „Нова македонска ренесанса како визија за подобар живот во Македонија“.

Според Ристовски, државата нуди многу можности за заработка кај македонскиот народ.

Наоѓалишта со нафта и гас се кријат од нас дека постојат, а ги има, и многу може да се заработи. Има можности за нова транспортна стратегија и возови за еден час до секоја точка во Македонија, геотермалните води да се искористат за термален туризам и слични проекти за привлекување посетители, рече Ристовски.

Носителката на листата во Шестата изборна единица Виолета Србиновска се обрати пред своите сограѓани од Тетово.

Македонскиот народ мора со поддршка на Интегра да придонесе во зачувување на македонскиот идентитет и суверенитет во услови кога Македонецот е граѓанин од втор ред во својата држава. Мора да ги задржиме младите со чесна и одговорна работа и посветеност, рече Србиновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.