СДСМ денеска ја продолжува капањата за престојните избори во неколу градови.

Прво, генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски ја посети Македонска Каменица каде потоа ќе даде изјава за медиуми во 11.00 часот во Паркот на рударите (во близина на црквата).

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Миле Талевски, кандидат за пратеник од ИЕ4 ќе го посетат Прилеп, а со почеток во 11.30 часот пред влезот на ИКТ Центарот, на патот кон Прилепското Езеро, ќе дадат изјава за медиуми.

Кандидатот за пратеник во ИЕ 2, Оливер Спасовски заедно кандидатката за пратеник, носителка на ИЕ 2,Сања Лукаревска се на средби со граѓаните на скопската општина Бутел.

Изјава за јавност ќе дадат во 16.30 часот, на платото кај ТЦ Живко Брајковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.