Жителите на Шуто Оризари откриваат дека кандидати за пратеници од СДСМ незаконски приклучувале улично осветлување во замена за гласови. Сведоци на овие случувања за „Алфа“ откриваат детали, но се плашат јавно да зборуваат за тоа пред камера, за да не се соочат со одмазда.
Случајот со струјата според жителите на Шуто Оризари било само врв на она што се случувало периодов, во кој, како што велат, биле употребувани и други методи на поткуп на гласачите во предизборие.
Дека во Шуто Оризари се врши нелегално приклучување на струја, потврди и денешниот билтен на МВР во кој е објавено дека две лица се приведени оти вршеле незаконски приклучок на струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.