Компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи попладнево склучија договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.
Како што е соопштено, месечниот закуп за канцеларијата на Иванов во Џевахир ќе чини 1.950 евра, односно 23.400 евра во период од 12 месеци.
Деловниот простор се протега на површина од 274 квадратни метри и е изнајмен на една година.
Иванов во канцеларијата ќе може да вработи најмногу три стручни лица. Тој има право и на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.