Камион за заплени од МВР во моментов се наоѓа пред домот на Катица Јанева во скопската населба Козле. Полицијата прави дополнителен претрес во домот на обвинителката, по што материјалите ќе бидат натоварени во камионот.
Се очекува дека меѓу останатите материјали да бидат запленети и мебелот и останатите предмети вредни 298.000 денари, со кои како што сооптшти ЈО, Јанева се стекнала во случајот „Империја“.
Ианку, Јанева со полициска придружба од СЈО околу 15 часот, беше вратена дома. Утринава починала мајката на Јанева, но од ЈО рекоа дека тоа нема да влијае за барањето на мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.