Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов, ги потврди информациите на „Фокус“ дека познатиот бизнисмен Орце Камчев денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија.
Во 16 часот по барање на бранителите дека му се влошила здравствената состојба на Камчев, тој со амбулантно возило од затворот е префрлен на Кардиологија. Тој се жалел на гушење и болки во градите и како што не информираа ќе биде задржан на клиниката за понатамошни испитувања – потврдува Андонов, во изјава за „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.