На сè само не на судско рочиште наликуваше денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“, на кое како сведок беше повикан Орце Камчев. Иако сметаше дека е некредибилен сведок и побара изземање, неговото барање беше отфрлено од обвинителката Ивана Трајчевска, која рече дека притворот е одреден за друг случај кој не е поврзан со овој судски предмет.
Во исказот сведокот Јордан Камчев рече дека прв пат за „Меѓународен сојуз“, разбрал во 2018 година. До него пристигнале две понуди за изградба фешн мол и другата за страречки дом.
Обвинетиот Бојан Јовановски на бизнисменот му нудел да инвестира на локаци во Струга, Охрид за старечките домови, односно дека за ова инвестиција ќе добие 20 проценти субвенци од државата.
Зоран Милевски и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. Сето ова чинеше 4 милиони евра. Јовановски се фалеше со слики со премиерот пред мене. Дека 20% ќе бидат субвенционирани од Труд и социјала. Тоа е Бојан твојот неуспешен договор и откако те откачив, почна твојата приказна. Вака беше изманипулирана власта на која Бојан се повикуваше цело време. Ти понудив 150.000 евра од `Систина`, 150.000 евра преку `Орка`, тие се платени на твојата телевизија, Јасна Мандиќ може да потврди се. Сето тоа без субвенцијата и без државата укажуваше на загуба, рече Камчев.
Во однос на улогата на обвинетата Јасна Мандиќ, сведокот Камчев, истакна дека таа била само пошта и дека не учествувала во разговорите меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски.
За „Меѓународен сојуз“ знам само дека бил над англиската амбасада и се вртеа бизнисмени со торби. Бојан успеа да направи цел град мајмуни, заклучи Камчев.
Вистинската драма започна со испрашувањето од страна на обвинетиот Бојан Јовановски, кој го замоли Камчев да раскаже со што се занимава, на што овој одговори: Све да набројам? Сточарство, ѓубрива, преработка на гомна…
Откако беше опоменат од судијата, тој ѝ порача – ми рековте се да набројам.
Во еден момент обвинетиот Јовановски му го угаси микрофонот на Камчев, по што следеше и мала расправија.
Во нервозното сведочење на Камчев тој рече дека Јовановски направил мајмуни од цел град и дека уплатил 150 илјади евра на сметката на 1ТВ за уценувачки договори.
Кулминацијата достигна со прашањата од Јовановски:
Боки: За што ги уплативте?
Камчев: За рекет, за да те „скинам ск*рца“
Камчев во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.
Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.