Орце Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ дал гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор во процесот, соопшти денеска неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој потсетува дека ова е втор обид на Камчев со понудена гаранција да биде ослободен од притвор и дека тој е единствениот обвинет од случајот кој се наоѓа таму.

Јордан Камчев е петтоосомничен а единствен што се наоѓа во притвор. За лошата и ризична состојба зборува и медицинско вештачење а поднесена е и гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000евра готовински но до овој момент немаме одговор од обвинителството, рече Миланов.

Според Миланов, истрагата не може да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски за, како што вели тој, друга правна квалификација, додека во моментов не е во Македонија.

Исказ не може да даде обвинетиот Никола Груевски и делото е така поставено што постапката не може да продолжи. Оваа постапка е започната со наредба за истрага во октомври 2020 а тогаш Груевски не се наоѓал во Македонија и Груевски не можел да биде сослушан. Обвинителката има доставено изјава од Груевски пред Обвинителство во 2015 во предистражна постапка но пред СЈО. Првостепениот суд донесе решение за судење во отсуство за што сметаме дека е направена суштествена повреда, рече Миланов.

Тој додаде дека Груевски бил тој кој недозволените средства ги пуштил во оптек, а за тоа Камчев не е одговорен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.