Во снимката што утрово ја објави италијанскиот весник Ла Верита бизнисменот Орце Камчев му вели на Бојан Јовановски:

Чифлигнаец ми се јави и ми бараше за обвинителката Лиле Стефанова за дуќан и стоматолошки ординации. Тој објаснува дека тоа се случило пред тој да влезе во „игра“ со Боки 13 и Катица Јанева.

Тој е загрижен дали тоа што не и дал дуќан на Стефанова ќе се одрази на ситуацијата, односно Стефанова нема да прифати тој да биде пуштен на слобода.

Сепак Катица Јанева го охрабрува дека се ќе биде во ред.

Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.

Боки 13: Кога било тоа.

Орце Камчев: Пред влезам.

Боки 13: Не знам за претходно.

Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае (се прекинува снимката од разговорот)

СЛУШНЕТЕ НА 4:24 ОД ВИДЕОТО



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.