Во емисијата „Детектор“ на телевизија „Сител“ професорот Гордан Калајџиев истакна дека смета оти аферата „Рекет“ е запрепастувачка шокантна и со разорнувачка моќ по правниот систем.

Не само инситуции, туку и шефот на СЈО и оттаму огромен шок во јавноста и домашна и странска. Власта не покажа дека е способна да се соочи со тоа. Случајот се развлекува опфаќа само некои од инволвираните иако е очигледно дека тоа оди подлабоко. За жал постапката трае долго и имаме недовршена постапка која остава впечаток дека правдата е селективна, рече Калајџиев.

На прашањето дали рекет ќе ја урне власта, Калајџиев рече:

Кога се конституираше СЈО за да се бори со корупцијата во високата власт тоа не се оствари. Не знаеме дали има поврзаност на преговорите со СЈО и Рекет. Сеуште не ми е јасно зошто судбината на СЈО се врзува со Катица Јанева? Зошто во Македонија нема лице со интегритет што ке дојде на нејзино место и зошто до денес не е распишан конкурс за некој да ја замени? За жал меѓу политиката и правото сеуште има многу нишки. Сериозните истраги во Рекет се закочени од страв да не падне власта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.