Судството треба да престане да чека одлуки од политката. Едно решение за проблемот со СЈО даде Врховниот суд, со кое не се согласува Обвинителството. Кој би можел да го толкува тој закон кој е дел од пржинскиот договор?, јавно запраша универзитетскиот професор Гордан Калајџиев зборувајќи за иднината и истрагите на СЈО.

Говорејќи за правниот вакуум во врска со статусот на СЈО, Калајџиев рече дека не е добро што во општеството постои поделеност.

Правниот систем е поделен. Од една страна, Врховниот суд, а од друга, Министерството за правда, СЈО и странските амбасади – рече тој.

Професорот потенцира дека проблемот со рокот на Обвинителството треба да се решава со принципи, а не со навивање.

Судството мора да пресече според правото, а не според политиката. Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната – рече Калајџиев.

Тој посочи дека државата не може да си игра со судбината на обвинетите, во смисла дека може еднаш да прекине да ги гони, а потоа со нов закон да продолжи со кривичниот прогон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.