Професорот Гордан Калајџиев ја потсети македонската јавност дека обвинителката Лиле Стефанова, која сега побара и доби притвор за Орце Камчев за случајот на СЈО „Плацевите на Водно“ е истата обвинителка која раководела со случајот „Имерија“ случај за кој Орце Камчев беше рекетиран од СЈО.
-Има една многу сложена приказна, меѓу Лиле Стефанова и Орце Камчев. Целата приказна меѓу нив би водела таа да биде тргната од случајот. Зошто? Иако таа не одговараше за „Рекет“ во Империја туку Катица, но обвинител кој го водел случајот е Стефанова, вели тој.
Професорот истакна дека е скандалозен и начинот на кој беа преземени од обвинителството за организиран криминал случаите на СЈО, а се сомнева и во одговорноста на Стефанова најмалку морална за рекетот кој му е вршен на бизнисменот Орце Камчев.
Обвинителите што ги преземаа предметите на СЈО, предавањето беше скандалозно и не знам по кој пат ќе го повикам државниот обвинител да ни го покаже писмото на Катица со кое таа од притвор им ги даде предметите при што предметот „Империја“ против Камчев и Мијалков го водеше Лиле. Прашање е дури и да не била одговорна, не е утврдена одговорност кај неа, најмалку морална одговорност има обвинителката која го води случајот, од осомничен да се бараат пари за да го ослободи од притвор. Меѓутоа, тие се пристрасни меѓу себе, Орце Камчев ги сруши. Зошто не го пријавила рекетот? Ние знаеме дека никој од СЈО не пријавил, ништо не знаеле за рекетот. Орце Камчев требаше со Бугарите да ги фати? Ама објективно била во тоа обвинителство кое барало пари и за кое има осудена обвинителка, вели професорот.
Калајџиев истакна дека Лиле Стефанова не би смеела да го води случајот против Камчев бидејќи тој го растури СЈО обзнанувајќи и на македонската јавност дека бил рекетиран за милиони евра во замена за слбода. Според професорот постои лична димензија во гонењето на Камчев.
Морално не би смеела да го води случајот. Орце Камчев им ја растури организацијата, тие го мразат само по тоа. Ги доведе во позиција да бидат мета на јавноста поради хонорарите. Има кривична пријава Орце Камчев против Лиле Стефанова, пријава која не е решена. Тоа се работи кои го оптоваруваат случајот. Во нормална држава Стефанова не би го водела случајот против Камчев, друг ќе го води. Тој случај не е од вчера, не е дека вчера го фатиле него па сега притвор. Три години Камчев е под притисок поради „Империја“. Пола година за ова. Стразбур не дозволува во ваква постапка да определеите притвор. Притвор се определува во нормална држава, додека се определи гаранција и докази во рана фаза на постапка.
За белешката на АНБ тој вели, ако таргетот е Орце и тоа било наредено од политичката елита реку Агенцијата за разузнавање тоа е многу голем проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.