Не можеа Катица да ја проценат, 2 години се шета со Боки низ Скопје и влегоа во сите институции. Тврдеа дека нема човек што може да ја замени Катица. Се случи фијаско во правниот систем, еден збор не кажаа, правниот систем се распаѓа. Одговорност мора да има од партиите одсобено СДСМ кои се на власт, изјави универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во дебатата која се водеше вечерва на телевизијата „Телма“.
Според него, политиката е најголемиот извор на корупција.
Немаме механизам што ќе ги спречи таа корупција да живее и да се храни како што било години наназад. Партиите мора да имаат одговорност затоа што ја донесоа Катица и е корумпирана, додаде професорот Калајџиев.
Советници на Заев плукаат по екперти
Бојан Маричиќ, советник на експремиерот Зоран Заев, според некои главниот договарач со Атина за капитулантскиот договор, тукушто на тв дебата го нарече Гордан Калајџиев ВМРОвец, спорејќи ги неговите ставови на јавната дебата за предлог- закон за Јавно обвинителство како партиски мотивирани! Аирлија; така се п(л)ука по луѓе чија што експертиза се противи на намерите на Заев за легализација на криминалот и корупцијата на рекетарскиот Октопод на власт! – вака портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски го коментира настапот на Маричиќ на вечерашната ТВ дебата на која се зборува за законот за јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.