Едно е сигурно, обичниот човек, јас се бројам меѓу нив и неговата суштина за правда ич не се поклопува со онаа на политичарите, они се први во ветувањето на правда, а први ќе ја продадат кога тоа ќе им биде практично корисно, ова професорот на УКИМ, Гордан Калајџиев го истакна во емисијата „Стадион на канал 77“.
Јас инсистирам дека политичарите треба да се тргнат од правниот систем, нема што да носат они реформи и закони, ќе го остават тоа на академската јавност и професионалците, тие се трета власт и нема што да се пазарат партиите за решенија вклучувајќи и процесни решенија кои што со сила беа внесени во Законот за јавно обвинителство, меѓу себе, а на сметка на некои правни принципи. Дури и на општа правна култура беше непристорено процесни прашања да бидат решени во закон во организација која што уредува една од страните во постапката, тоа не е нормално едноставно. Колку сака нека се фали поранешната министерка дека тоа е прогрес, тоа е едно фијаско за правото и правниот систем и министерството кое што го водеше, вели Калајџиев во своето гостување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.