Pремногу неодговорени прашања и шпекулации останаа во јавноста, снимки протекуваат, а нема информации за напредок на истрагата за „Рекет“, вели професорот Гордан Калајџиев за „360 Степени“. Според него, целиот процес за овој случај од почетокот е проблематичен, бидејќи виси прашањето дали специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева е вмешана во случајот или искористена.
„Ако гледате на социјалните мрежи, луѓето со право се згрозени од фактот што обвинителите се на одмор. Јас исто коментирав дека село гори, баба се чешла. Тоа полно зборува што мисли јавноста за тоа како се води случајот. Јас мислам дека ако бескомпромисно се води истрагата, прво не требаше да се обзнани јавно дека се осомничени двајца (Бојан Јовановски и Зоран Милевски), второ, ако не се спремни да го изведат случајот и да ги расчистат дилемите зошто го отвориле? Дали ги претекна Боки 13 со план за бегство или друго е во прашање – не знам“, вели Калајџиев.
Според Калајџиев, денешната видео и аудио снимка објавена во италијанскиот весник „Ла Верита“ не носи нови елементи во истрагата, но не е спорно таа да биде доказ во постапката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.