Во емисијата „Вин вин“ гостуваше експертот Калајџиев кој што ја запраша Калеска зошто СДСМ преку ноќ без никому да каже нешто и да праша ја смени стратегијата на законот за јавно обвинителство.
Јас ја поддржав идејата на стратегијата што вие ја донесовте и ја сменивте преку ноќ. И не кажавте два збора зошто ја сменивте. Ајде кажете зошто ја сменивте преку ноќ стратегијата, ја запраша Калајџиев пратеничката Калеска Ванчева. Калајџиев додаде дека срамота е што СДСМ донесе стратегија, ја смени преку ноќ па уште се вади на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека СДСМ е губитник. Вие сте губитници. Фијаско се деси во правниот систем. Еден збор од одговорност СДСМ не презема. Министерката не убедува дека е успешно завршен периодот на реформи. Демек 80% оствариле реформи. Правниот систем се распаѓа. СДСМ треба да преземе одговорност. Они се на власт, нагласи Калајџиев. Калајџиев образложи дека е граѓански активист, и не е задоволен како припадник на „Шарена револуција“. Бидејќи СДСМ ништо не испорача од кога дојде на власт. СДСМ ги излажа граѓаните, особено активистите на „Шарена револуција“. Ветуваа реформи на големо, а од тоа нема ништо веќе три години, рече Калајџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.