Каква хипокризија и лицемиерие, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за таканаречениот „Чекориме за правда“ марш, кој Зоран Заев го најави за утре.

Предводникот на неправдата овие три години ќе прави марш за правдата или во реалност марш за спас на милионите на Вицето, марш за спас на плантажите од марихуана на неговите роднини, марш за спас на Заев од Рекет, марш за спас на убијците кои ги пуштија на слобода овие три години. Патеката по која утре ќе чекорат е истата по која ќе си заминат после 12-ти април. Но, има една работа со која ќе се согласам, а тоа е она кога вели Заев дека одговорност мора да има. Одговорност ќе има и ти Зоран Заев ќе одговараш. Ќе одговараш, запамети ги овие зборови. Мора да има одговорност, порача Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.