Хахаха какви цепаници кандидира СДСМ за урбани населби, откако ги потврди сите оние што се нафатија со епски урбанистички и остали криминал за клановите, мајко моја овие држава владејат со истите корумпирани 100 луѓе.
Па за Карпош го ставиле оној од Водовод што не можеа за време на карантин од кафана да го извадат.
Јаооо, не независни, да бевме нормална држава невидливи кандидати ќе требаше да ја згазат оваа збирштина – коментира поранешниот висок функционер на СДСМ, Ивор Мицковски.

СДСМ денеска објави имиња на кандидати за градоначалници кои ќе влезат во трка на претстојните локални избори закажани за октомври годинава. Меѓу нив се кандидатот за Карпош, Душко Весковски и за Аеродром, Александар Филиповски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.