Вицепремиерот за борба со корупција и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во чие време Македонија е на највисокото во историјата 111 место по корупција на листата на Транспренси интернешнл продолжува по старо, коментира „Експрес“, додавајќи дека наместо секојдневно, темелно и сериозно да се зафати со системската корупција, тој во голем дел од времето се занимава со целосно неважни работи за граѓаните, додека зема плата од истите тие граѓани.

Откако минатата недела имаше средба со невладини организации и промовираше стар извештај за мониторинг на корупција, Николовски повторно главна обврска му е ажурирање на членките книшки на СДСМ. Како и предходните викенди тој шета низ Македонија и се слика со членови на СДСМ кои ги ажурира во партискиот список додека земјата тоне во корупција, пишува „Експрес“.

Напоменуваат дека и покрај партиските активности, Николовски се занимава и со активности надвор од неговиот ресор во Министерството за земјоделие и со Шумска полиција, каде што има друг министер.

Да биде работата посмешна во исто време и трагична, Николовски кој во владата е одговорен за македонската корупција почнува да евоцира спомени од неговата политичка кариера и објавува дека одбележува јубилеј од почетокот на членството во СДСМ, коментира „Експрес“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.