Ивор Мицковски на социјалните мрежи ги коментираше настаните од цела недела.
Каква катастрофа од недела.
Сите лаги на оваа власт избија како шило.
Со Мијалков се преговарало од дома.
Капарот кој ни го вратиле Кинезите не бил ни капар, туку пуна сума за дубиозен посредник.
Жена останува без три органи, сите одговорни се перат од вина, власт си молчи.
Рашковски е фатен во 5 или шести криминал, зборам апла фатен, којзнае што друго има што не знаеме.
Не добиваме пари од Солидарен фонд на ЕУ, зошто наводно премалку сме потрошиле на почеток на криза. А зошто премалку сме потрошиле као не е важно.
Со Бугарија и ЕУ причата е затворена, изгубена до далечна иднина и сите приказни на оваа власт за напредок потонаа како Титаник.
Власта го користи најголемиот провокатор, негатор и кочничар на Македонија, Каракачанов, за политички поени против опозиција.
Вакцини и понатаму немаме ни за зуб, а власта обвинува дека некој друг го саботирал процесот на вакцинација.
Што да додадам, дека се прават серија на милионски проекти без тендери пошто уште сме во кризна состојба.
Дека за кампањата за вакцинација веќе е одлучено каде ќе завршат парите.
Дека град ко Тетово 10 дена немаше вода, дека државата е депонија, дека хидроцентрали ко оние на криминалецон Анѓушев се градат во национални паркови.
Дека секој функционер на власт изиграва шериф и злоупотребува политички бенефиции.
Дека криминал и корупција цвета и само се глуми некаква борба.
Не знам дечки, додајте кој што му текнува, само знам дека на ваков ужас во други времиња, не реагиравме вака цвикаторски.
Каква катастрофа од недела.
Сите лаги на оваа власт избија како шило.
Со Мијалков се преговарало од дома.
Капарот кој ни…Posted by Ivor Mickovski on Friday, 12 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.