Едмонд Адеми периодов е актуелен во јавноста поради дивоградбите во Охрид, и последното интервју викендов за РСЕ во кое рече дека се броеле на прсти.

На прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. Најголем дел од 409 градби не се сите цврста градба, во смисла куќи, хотели, туку дел се гаражи, огради, дел се дополнителни скали, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во интервју на Радио Слободна Европа.

ЕМагазин пренесува што пријавил во имотниот лист.

Нема недвижен имот на свое име, а како заеднички имот пријавил предговор за купување недвижен имот, но не навел за што станува збор.

Има Тојота Корола и лизинг, а на име на сопругата пријавил штедна книшка и основачки капитал од 5.000 евра за консалтинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.