Со потврден позитивен тест на коронавирус за градоначалникот на Гази Баба Борче Ѓорѓиевски, оној кој „херојски“ ги вадеше од станица прекршителите на полицискиот час и рестрикциите по инцидентот во Сингелиќ, и официјално кластерот на СДСМ е проширен.

Во меѓувреме, поради позитивен случај на коронавирус во Владата, сите вработени кои имале непосреден контакт со вработениот, меѓу кои и Генералниот секретар Драги Рашковски, ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена.

Во болница заедно со соптугата и тримесечната ќерка сè уште се наоѓа потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, од кого со ковид-19 се зарази и директорката на УЈП и носител на ИЕ2 Сања Лукаревска.

Токму овие случаи по вторпат го ставија во самоизолација и техничкииот премиер Оливер Спасовски, кој поради ова остана дома во најкризните моменти за државата.

Поради контакт со „другарот Мухамед“ во само изолација заминаа уште неколку висои функционери на партијата, меѓу кои и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, вицепремиерката Мила Царовска, националниот кординатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми…

Лукаревска, пак, во самоизолација ги испрати сите од пратеничката листа која ја предводи, бидејќи тераа кампања низ Куманово, како и директорот на Службен весник Мартин Костовски, градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, портаролката на СДСМ Богданка Кузеска, советникот на Спасовски Фатмир Битиќи…

Во меѓувреме, не само кластерот СДСМ, туку и цела Македонија тоне подлабоко поради коронавирусот. Според листата која ја објави „Њујорк тајмс“, Македонија е една од земјите кои најлошо се справуваат со болеста.

Но, и покрај ова, Зоран Заев не се откажува од брзите избори. Заев би прифатил и гласање среде недела само повторно да се врати на „Илинденска“.

Тој е подготвен на корона-избори и со половина меѓународни наблљудувачи, па дури и призна дека тоа така му одговата.

Заев и СДСМ инсистираат на избори и без прочистен избирачки список, иако претседателот на ДИК, Оливер Деркоски децидно повторнува дека не може да се зборува за 5 јули или друг термин без прочистен избирачки список и без највисокиот изборен орган да има доволно време да ги спроведе изборните дејствија.

Мојот став е идентичен во континуитет. За изборните дејствија се потребни 35-50 дена без разлика дали збориме за 5 јули или друг термин. За 22 дена тоа е невозможно. Избирачкиот список мора од почеток да се преработи. Датумот за избори не се определува со уредба со законска сила. Тоа треба да го определи претседателот на собрание со решение без разлика дали е резултат на лидерите на партиите. Ако пред завршувањето на вонредната состојба биде одреден датум кој за неколку дена варира од минималните 35 дена ДИК ќе се потруди да ги исполни сите задачи, но нема да може да гарантира дека се е спроведено според прописите, потенцираши Деркоски.

Со ваквото однесување Македонија не само што е вброена меѓу африканските земји како најлош пример за справување на коронавирусот на една држава, туку и продолжува да се однесува како да сме земја од третиот свет – без закони, со самоволие, корупција и без било каков обзир кон животите на граѓаните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.