Зоран Заев, лидерот на СДСМ и претседател на Владата свеовремено се чудеше кој ќе спроведе двојазичност на територија на цела Македонија, исто како што се чудеше и кој ќе го промени Уставот и името на државата.

Сега токму по потпишувањето на Законот за јазици, денеска наутро, двојазични табли се поставуваат низ цела Македонија. Како што веќе беше објавено прв со  промена на таблите е ЈП „Патишта на Македонија”. Прва меѓу општините кои на дело ја воведе двојазичноста е општина Струмица чиј долгогодишен градоначалник беше токму Зоран Заев.

Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа. Зборува дали лекарот ќе направил проблем па живот ќе се загубел, ова е невидено, изјави тогаш Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.